Правила и услови за .мк и .мкд домени
Регистрација на домени

Правила и услови за .мк и .мкд домени

  • Право да регистрираат .мк домени имаат сите физички и правни лица.
  • Право да регистрираат .gov.mk домен имаат: државните органи на РМ, установи и други организации утврдени со Уставот на РМ и закон како и јавни претпријатија и единици на локалната самоуправа и градот Скопје.
  • Право да регистрираат .edu.mk домен: образвовни и научноистражувачки установи, странски образовни организиации кои имаат дозвола за вршење на образовна и научноистражувачка дејност.
  • Право да регистрираат .org.mk домен: непрофитни организации, здруженија на граѓани и фондации, политички партии, синдикати, јавни здравстени установи, странски амбасади , непрофитни странски организации на кои со меѓународен договор или согласно со закон им е допуштено да вршат непрофитна дејност.
  • Право да регистрираат com.mk, inf.mk, net.mk имаат: трговски друштва, физички лица за самостојно вршење дејност, лица со јавни овластувања, коморите на овие лица, задруги, финансиски организации.
  • Домените се регистрираат на период од 1 до 10 години со право на продолжување по истекот на периодот за кој е регистриран.

Назив на домените:

Полниот назив на домените се состои од:

  • - посебен дел на називот, кој го избира поднесителот на барањето на регистрација на доменот.
  • - Фиксен дел на називот: примарниот .mk домен или секундарните домени gov.mk, edu.mk, org.mk, com.mk, net.mk, inf.mk.


Називот на домени ги содржи следниве елементи и мора да ги исполнува следниве услови:

  • - Да се состои од букви од англиската абецеда ( при тоа не се разликуваат мали и големи букви ) броеви од 0 до 9 и знакот “-“ ( тире ).
  • - Да се состои од најмалку 1 а најмногу 63 знаци од кои првиот и последниот не може да биде знакот “-“ ( тире ).
  • - Не може последователно да се појават два знаци “-“ ( тире ).


Регистрација на домен:
Барањето за регистрација на домен се поднесува на образец кој содржи: податоци за регистрантот, податоци за доменот, податоци за контактите, имињата на именските опслужувачи на кои е поставен доменот како и потпис на поднсителот. Кога барањето се поднесува по електронски пат тогаш се потпишува со електронски потпис согласно прописите за електронски потпис. Процедурата за регистррација на македонскиот домен е од 1 до 3 денови по забележаната уплата и доставените документи.

Регистарот на регистрирани поддомени во .mk доменот содржи:

  • - назив на доменот
  • - назив или име и адреса на регистрантот
  • - единствен даночен број на регистрантот, за правни лица
  • - имиња на лицата овластени за административен и за технички контакт со нивните телефони и адреси на електронска пошта
  • - датум на регистрација на доменот
  • - датум до кој се подмирени финансиските обврски во врска со регистрацијата на доменот – именски опслужувачи на кои е поставен доменот.


Промeна на податоци на регистрирани домени.

  • Името на доменот неможе да се промени.
  • Листа на можни промени и овластени лица кои можат да ги побараат тие промени:
    • - Промена на административен контакт може да врши регистрантот или самиот административен контакт.
    • - Промена на техничкиот контакт може да врши регистрантот или самиот техничкиот контакт.
    • - Промена на именските опслужувачи може да вршат регистрантот, техничкиот контакт или административен контакт.
    • - Промена на регистрант може да вршат регистрантот заедно со новиот регистрант.
    • - Регистрантот е единствениот контакт кој е овластен да врши бришење на домен.
    • - Промена на идентификаторот ( клуч ) за контакт не може да се направи, промена на сите други податоци освен на идентификаторот врши назначениот контакт.
    • - Идентификатор ( клуч ) за листата на именски опслужувачи не може да се промени.
    • - Идентификатор ( клуч ) на сет на клучеви не може да се промени.


Регистарот има право да измени било какви информации за домен или избрише домен врз основа на правосилна судска одлука или одлука на надлежен орган. Кога е потребно да се зачува техничката стабилност на интернетот без претходно известување привремено да го деактивира доменот до отстранување причините за тоа. 
Бришење домен
Регистрацијата на домен може да биде поништена, доменот деактивиран и избришан во следниве случаеви:

  • - Клиентот или регистранот постапува спротивно од правилата и условите.
  • - Регистрантот во писмена форма побарал поништување на регистрацијата на доменот и неговото бришење од регистарот
  • - Доколку ненавремено ги подмири или не ги подмири финансиските обврски
  • - Не е во состојба да ги задоволи техничките услови за функционирање на доменот, а тоа доведува до проблеми во функционирањето на именскиот ситем во .mk доменот.
  • - Во постапката на регистрација дал погрешни или неверодостојни податоци и документација
  • - Не доставил промена на задолжителните податоци за себе и за употребата на доменот
  • - Регистрантот на доменот не ги почитува своите обврски и одговорности предвидени со правилата и условите
  • - Регистрантот на доменот не презема одговорност или не соработува со службата, односно ло лицата овластени за доменот,
  • - Регистрантот на доменот го злоупотребува доменотна начин со употреба на односно неупотреба, го повредува интелектуалната сопственост, авторкис права и жиговите според позитивните прописи.

Обнова на домен

Доколку доменот не биде обновен до датумот на кој истекува регистрацијата, влегува во заштитен период од 120 дена и во тој период неможе да се прават никакви измени на податоците на доменот. Доколку доменот не се обнови во првите 60 дена од заштитениот период, доменот се брише но не може да се регистрира од страна на друг регистрант. По истекувањето на заштитениот период од 120 дена доменот се брише и може да се регистрира од друг регистрант.

Стекнување право на користење домен со наслeдување и со отстапување на домен Доколку регистрантот престанал да постои правните наследници, можат да побараат стекнување право на користење на доменот односно пререгистрација на постојниот домен и упис на свое име во Регистарот.
Со барањето покрај потребната документација, задолжително се приложува и правосилен акт со кој се докажува правито за наследување. Од актот треба недвосмислено да произлегува и стекнување на наследување на користење на доменот. Со пренесување на правото на користење на домен во корист на друго лице, регистрантот не смее да стекнува имотна корист. Домените не можам да бидат предмет на купопродажба ниту друг начин на тргување или стекнување корист. Доколку регистрантот го злоупотреби ова право, имаме право да спроведеме постапка за бришење бна доменот. 

Решавање спорови:

  • Страните се упатуваат настанатите спорови во врска со регистрација на домен да ги решаваат пред постојаната арбитража при МАРнет во согласност со Правилникот за арбитражна постапка за решавање на спорови при регистрација на домен.Управниот одбор на МАРнет поднесува Правилник за арбитражна постапка за решавање на спорови при регистрација на домен
  • Одлуката донесена во арбитражна постапка пред МАРнет согласно Правилникот за арбитражна постапка пред МАРнет согласно Правилникот за арбитражна постапка за решавање на спорови по повод на регистрација на домен има обврзувачко дејство спрема учесниците во постапката
Наша адреса:
ул. Беласица бр.2 (Скопски Саем)
1000 Скопје, Р. Македонија
Работно време:
Пон. до Пет. 8.30-16.30
Викенди: Неработни
Телефони:
T-HOME > 02 3172 808
MOBILE > 078 221 696

Каде се наоѓаме ?

Нашите нови канцеларии од 01 Ноември 2013 се наоѓаат во управната зграда на Скопски саем, на првиот кат, канцеларија бр. 216.


Зошто ја одбравме оваа локација ?

Во последните 2 години сменивме неколку локации во Скопје. Сепак приметивме дека Скопски саем е една од најдобрите од неколку причини:

 

1. Лесно не наоѓаат нашите клиенти и не треба нешто посебно да им објаснувме

2. Од центарот на градот сме оддалечени само 10мин.


3. На просторот на Скопски саем нашите клиенти можат да користат бесплатен паркинг, што не беше случај во центарот на градот.